Мојата книга

Со наслов: "Селски живот: Детски спомени"

Оваа книга е за мене, за моите скромни почетоци во едно мало село во Македонија што немаше електрична енергија и беше обезбедено со само нај основните услови за живот; за тоа како ги изненадив сите со преживувањето на мојот 10-ти роденден; за сеќавања на моето детинство и напорнатата работа; за моето патување во Виена и добивање на мојата прва работа; за моето патување преку океанот со моите родители, со само неколку ствари во нашите куфери.

Авто објавено во август 2015 оваа книга содржи над триста висококвалитетни дигитални фотографии и повеќе од четириесет статии спомени на минатото, како што ги памтите. Тоа ги разбудува сеќавањата на вашето родно место, но исто така, покажува влошување на состојбата, како што се ерозија на селските и убави камени куќи со црвени покриви кои им овозможуваат на Мариовскиот регион уникатност во Македонија и кои наскоро ќе исчезнат со починувањето на нашите старци.

Зошто книгата?

Татко ми беше добро сакан и добро познат во Мариово и во градот Прилеп, Македонија. Тој имаше богатство на знаење за историјата на регионот, тој често беше прашуван од луѓето и му одговараше на нивните прашања. Тоа беше фантастично да се слуша кога имаше многу разговори со членовите на заедницата и на посетителите, кои дојдоа од Прилеп. Татко ми беше многу почитуван од сите и беше радосен да биди ангажиран во долгите разговори во врска со `` старите добри денови``. Тој ми рече многу пати да го документирам неговото богатство на информации и да го ставам на компјутерот, па секој да може да се сети на него откако тој ќе почини.

Јас бев зафатен со мојот личен живот, решив да ја оставам оваа размена на информации за друг ден. Кога татко ми почина, сфатив предоцна дека не само што Го изгубив татко ми, но јас, исто така, го изгубив тоа богатство од информации што само татко ми го знаеше. Останав без документи, книги, или слики од моето детство за да му кажам на моите деца за моите корени и оние на нивниот дедо. Ова ме мачеше доста долго време и еден ден решив да направам нешто околу тоа. Кога мене ќе ме нема, сакам моите деца и нивните деца да се запознаат со нивниот татко, дедо и Прадедо, од каде се и како тие живееле.

За време на мојата посета во 2010 година во Прилеп, јас ја посетив библиотеката да соберам некои книги за регионот на Мариово. Директорот на библиотеката ми рече дека не постојат книги за Мариово. Единствената книга која е напишана е од страна на Стале Попов, кој е роден во Мариовскиот регион и има напишано многу песни за регионот.

Го прашав директорот многу едноставно прашање: ако јас напишам книга за регионот, дали ќе ја ставите во библиотеката? Тој се насмевна и брзо одговори: "Мој пријателе, ако ја напишиш книгата, ќе бидам многу среќен да ја ставам во библиотеката. Се поздравивме и му реков дека еден ден во блиската иднина ќе му направам специјална посета на неговата библиотека лично да му ја доставам мојата книга.

Ова се некои од причините зошто ја напишав мојата книга за регионот, каде бев роден и живеев во текот на моите детски години. Напуштањето на селото кога бев 15 години ме остави со многу спомени. Се надевам дека мојата книга за моите искуства во новата земја ќе биде прифатена и од интерес за помладата генерација, кои имаат македонски корени.

Следната книга ќе биде за мене: за тоа како се прилагодив во голем град и го продолжив своето образование; за тоа како, со напорна работа и упорност...

Превод: Неда Илиевска


besiste