Историјата на Македонија


Географска Македонија, опфаќа голема површина од изворот на реката Вардар (Аксиос на грчки) до устието во Солун (Тесалоники на грчки) има многу богата и разновидна историја што е претставена во денешната политичка клима и поделбата на географскиот регион Македонија беше многу славна во текот на изградбата на нејзината античка империја, завршувајќи со ненадејната смрт на Александар III Македонски (познат и како Александар Велики), потоа за кратко време повторно за време на владеењето на царот Самоил


Регионот продолжи да врши влијание и потоа преку својот статус како битолска и охридска епископија. Тогаш како независна држава, Македонија повторно не ја виде светлината на денот се до краткотрајната Крушевска Република во 1903 година, и сега како независна (иако официјално сеуште наречена „поранешна Југословенска“) Република Македонија.


Денес географска Македонија е составена од четири политички субјекти: Вардарска Македонија која е Република Македонија; Пиринска Македонија која е во Бугарија; Егејска Македонија која е во Грција; и мал дел северно и јужно од Дебар што е во Албаниа.


Времеплов


хронологија на клучни настани:

Османлиско владеење со Европа

1913 година Османлиското владеење во Европа завршува по пет века. Македонија е поделена помеѓу Србија, Бугарија и Грција. Она што сега е ПЈРМ е приклучено со Србија.

Првата светска војна

1914 година Прва светска војна Македонија е окупирана од Бугарија.

Крај на војната I

1918-19 година Крај на војната, Македонија повторно останува дел од Србија. Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Југославија во 1929 година.

Германија напаѓа

1941 година Германија ја нападна Југославија.

Основање на Југославија

1945 година Формирање на југословенска социјалистичка федерација, составена од шест републики, вклучувајќи ја и Македонија, со Тито како претседател.

Мариово поделено

1967 година Мариово било поделено на три подрегиони: Битолско Мариово, Прилепско Мариово и Тиквешко Мариово.

Тргнување од Бешиште

1970 година Заминав засекогаш од Село Бешиште со моето семејство во нова земја Виена, Австрија, а потоа и Канада.

Смртта на Тито

1980 година Смртта на Тито, пораст на национализмот меѓу конститутивните републики на федерацијата.

Гласање за независност

1991 година Мнозинството гласачи ја поддржуваат независноста на референдумот.

Членство во ОН

1993 година Стекнува членство во ОН под името Поранешна југословенска Република Македонија.

Северна Македонија

2019 година Историскиот договор го реши 27-годишниот спор за името меѓу две земји, Република Македонија и Грција. Македонија (ПЈРМ) преименувана во Северна Македонија.

Прием во НАТО

2020 година Знамето на Северна Македонија беше подигнато во седиштето на НАТО во понеделникот (30 март 2020 година), на специјална церемонија по повод приемот на земјата во НАТО.


Превод: Неда Илиевска

besiste


Географска карта на Македонија на четири политички субјекти.


Траги од германскиот окупиран Бежиште за време на Втората светска војна..