Легендата за Мариово

Според народната легенда, регионот Мариово го добил името од една убава и храбра девојка која се викала Марија. Легендата продолжува да ја раскажува приказната за тоа како моќен Османлиски паша многу се заљубил во неа. Пашата бил многу маѓепсан во нејзината огромна убавина и бил подготвен да ја придобие нејзината љубов на било каков и да е начин.

И покрај моќта на пашата, таткото на Марија бил против идејата таа да и се потчини на љубовта од пашата, бидејки Марија била Христијанка а пашата Муслиман. Пашата не попуштал.

Неволјите на нејзиниот народ, поробени од Османлиските Турци, и ја раскинувале душата на Марија. Таа отишла кај пашата, подготвена да му ја возврати љубовта и да стане негова сопруга ама под еден услов. Таа ќе му била сопруга се додека целиот регион од Полошкиот Манастир, Селечка Планина, до селото Брод, се до регионот на Битола, планината Ниџе и до дофатот на Козјак да остане христијански. Ниту еден Турчин да се населува во тој регион, тоа било нејзиното барање.

Пашата толку заслепен од љубовта кон неа, толку поттикнат од неговата страст, брзо се согласил и го потпишал документот направувајќи го договорот законски.

Заедно се качиле на коњот и тргнале на пат кон село Дуње, и токму таму како што одеа, Марија ја извади сабјата и си го одзеде животот. Не предавајќи му се на пашата, таа си ја задржа својата доблест и вера.

Иако сакал, пашата неможел да го поништи договорот што тој го потпишал. Силата на тој договор гарантирал дека целиот регион, сите села и тие што живееле таму останале Христијани и Македонци. Во чест на Марија, за нејзината сила и храброст, љубовта кон нејзините сограѓани, регионот бил именуван Мариово.

Факт или измислица?

Превод: Неда Илиевска


besiste