Спомени за Дедо Илко

Спомени за Дедо Илко со неговата работилница.

Зад куќата каде што пораснав живееше мојата тетка (сестра на татко ми) со своето семејство. Еден од членовите на семејството беше и високиот и благодушен Дедо Илко (свекорот на тетка ми). Повеќето од дворот пред куќата беше покриен од лозата, а на десната страна беше местото каде што Дедо Илко имаше долга и тесна дрвена клупа со многу алатки под неа. Дедо Илко направи многу од дрвените работи за својот дом а и за домовите на другите селани. Тој се сметаше за еден од најдобрите столари во селото. .

Кога бев младо момче, се сеќавам јас стоев на едно мало столче што тој го направи за мене, за да можам да го гледам како тој го мазнеше едно грубо парче дрво со неговата долга дрвена машина која имаше многу остар нож. Јас стоев таму многу часови во текот на жешките летни месеци гледајќи го и поставувај му прашања во врска со неговите дрвни проекти. Тој изработуваше внатрешни и надворешни врати, прозорци, рамки, порти, разни алати за готвење, алатки како што се дрвени рамни лопати со долги рачки што се користеа за вадење на лебот од фурната, дрвени вагани за толчење чешниња лук (види ја сликата подолу), дрвени лажици за мешање грав во големото тенџере.

Верувам дека ова е местото каде што започна мојот интерес за градење работи. Се сеќавам Дедо Илко и рече на мајка ми дека имам голема дарба и дека еден ден ќе бидам брилијантен градител. Тој беше сто проценти во право за тоа што јас бев во можност да го постигнам тоа кога дојдов во Канада, во земјата на можности.

besiste


дрвени вагани за толчење чешниња лук.


Дедо Илко - левата слика избледена.