Да ги зачуваме нашето село и спомените!

Бербата во Мариово

Блог од: Ивона Дојковска

Прилеп, Македонија

August 7, 2020

Бербата во Мариово,во минатите години: блог од: Ивона Дојковска, Прилеп

Многу патишта водат до прилепско Мариово. Оној најпознатиот, асфалтниот од Прилеп, преку Штавица, а потоа и преку превојот Слива, упатува на мариовските пространства. Другите се или тампонирани, преку Беловодица, или "козји" патеки, за сите скришни освен за Мариовците. За да се стигне до "вистинското" Мариово, односно село Бешиште, треба да се помине Црна Река и Расимбегов мост. Е, тогаш, ридовите, каменестата природа, пространите патишта, се до "Железна врата" неформалниот граничен премин за Мариовци-сето тоа е недопрено. Мариово се уште ги има ридестите пространства. Ама, се помалку ги има Мариовците, "планинските луѓе", отппрни на буни, востанија, на "крпен живот", на горделивост, решителност и тврдоглавост. Горделивоста и твроглавоста останале, ама решителноста ги испратила во "големиот свет" по подобар живот. Но, сепак убавините на Бешиште ги враќаат луѓето назат.

Според кажувањата на баба ми, село Бешиште имало плодна земја. Порано луѓето таму се замимавале со земјоделство и сточарство. Од градинарските култури најмногу одгледувале грав, пиперки, домат(патлиџан), марула, компир, лук, кромид, праз, краставица и многу други производи.

И како што ми раскажува баба ми, најпрвин нивата ја обработувале со волови, потоа производот што сакале да го добијат, го саделе со своите вредни раце, со помош на дрвен алат наречен "колче". Потоа, растението го сееле, исто рачно, потоа тоа требало секојдневно да се наводнува, но бидејќи во тоа време бунарите во своите домови ги користеле само за свои потреби, наводнувале со помош на реката.Односно, секогаш сите ниви биле блиску до реката, за да можат да направат пат, канал или така наречена бразда до нивата, и водата да тече низ браздата и така да стигне до нивата, за да се наводнува растението.Потоа готовиот производ го береле, го носеле дома со помош на животно(маска или магаре), и го користеле за домашна употреба, бидејќи тогаш во тоа време немало откуп на производи, како сега. Но, нешто од градинарските култури складирале во така наречени визби, односно гаражи. Единствено нешто, што тогаш продавале било прочуеното мариовски биано (тепано) сирење, добиено од стадо овци, кои се белееле низ мариовските падини. Иако луѓето порано живееле ваков тежок живот, сспак не се жалеле. Секогаш биле среќни, насмеани, задоволни, никогаш не се карале и што е најважно сите меѓусебно се почитувале и си помагале.

besiste