Да ги зачуваме нашето село и спомените!

Извадок од моето списание

Блог од: Милан Врглески

Торонто, Канада

September 8, 2020

Извадок од моето дневно списание со датум Август 28ми 2007 во 6:48 наутро

Одлучив да се преселам на другата страна од моето вообичаено место. Ова е голема провалија каде што порано течеше реката. Реката е сега сува и тука сега е многу тивко. Ако пуштите игла за шиење можете да ја слушните кога ќе падни. Овие се ридовите каде што си играв како мало дете. На лево од мене е местото каде што јас и моите другари градевме места за кампување (ѕидови за кој користевме камења) и како деца игравме преправајќи се дека тоа е нашата сопствена куќа. Под мене беше реката каде што пливавме и собиравме/убивавме жаби за забава. Во текот на зимските месеци малите потоци долж Панделе (горе од реката) беше местото каде што се лизгавме облечени во волнени пантолони и секако без долна облека.

Mожам да слушнам, Додека гледам во голите ридови, во умот сеуште ја слушам смеата од моите другарчиња, ги гледам овците како пасат со нивните ѕвончиња околу вратот, над ридот многу звуци и гласови од селото. Местото беше живо.

Замислете 35 години подоцна седам и гледам во истото место и нема ниту звук од штурците. За краток момент можам да ги затворам очите и скоро да ги слушнам звуците и одгласите на ова место. Кога ќе се размислам за тоа, човек го напуштил ова место за да патува низ цел свет, живееше таму повеќе од 35 години и се врати назад да види и замисли како беше порано. Ако ме прашате мене тоа нешто е страшна работа ама тоа е човечката судбина. Тој човек сум јас и сум многу среќен што се вратив и доживеав таква авантура.

besiste