Да ги зачуваме нашето село и спомените!

Порака од татко до син

Блог од: Милан Врглески

Торонто, Канада

June 25, 2020

Одамна во летото на 2007 година, поминав триесет дена во Бешиште,
селото на моите родители. На крајот на денот, локалното население ќе се собереа заедно во дворот на мојата родителска куќа, уживајќи во домашната ракија, додека разговараа за случувањата од тој ден во селото. Често пати мојот тетин Мијо сите ќе нè ангажираше со неговите вицови или шеги, и приказни, приказните обично беа за Mariovo и поседуваа познати ликови и измамници, Итар Пејо и Насредин Хоџа.

Секогаш завршуваа со длабока дискусија за старите добри времиња. Во овие дискисии секогаш беа вклучени заминувањата на селаните во најблиските градови, дури и онаму далеку како оние непознати земји во странство кои би можеле да се изникнати само од страна на имагинацијата. Заминувањето од селото на мојот татко му беше многу тешко, особено со оглед на фактот што тој самиот, роден и израснат Бешишец, ќе замини на 50 години восраст од неговото Бешиште.

Се сеќавам еднаш како се затемнуваше во селото, и нашите посетители си заминаа во нивните домови. Татко ми ќе ги заклучеше и двојно заклучеше сите врати кои имаа клуч. Внатре во куќата, татко ми ја продолжуваше дискусијата за минатото.

По една недела, сфатив дека тој ми беше многу приврзан со Бешиште, и дека неговото срце никогаш нема да ја напушти земјата каде што е роден. Тој, исто така спомна дека тој имал една песна што сакал да ја сподели со мене. Тој ја знаел напамет. Првиот пат кога ја слушнав неговата песна, бев изненаден. Јас бев изненаден од тоа како еден човек во доцните осумдесетти години можи да го памти и рецитира секој збор. Од почетокот јас не ја разбрав песната ама бев решен да ја разберам во целост.

besiste