Да ги зачуваме нашето село и спомените!

Писмо до селанец

Блог од: Милан Врглески

Торонто, Канада

June 6, 2020

Драги Cеланец

Се надевам дека ова писмо ќе те најди тебе и твојата фамилија во добро здравје.

Откако го напуштив селото Бешиште со мојата фамилија во раните 1970 ти години мене ми беше многу тешко да се вратам, емотивно и финансиски бидејќи створував нов живот во нова држава. Верувај не беше лесно. Во 2006 та година се вратив и започнав во истражувањето на селото, нашата куќа и останатите жители во моето родно место-Бешиште. Јас бев многу изненаден од убавините, од неизменетата природа, историско знаење и љубовта и добрата волја со која бев примен. Брзо ми се обнови мајчиниот јазик. Дури сега ја дознав вредноста на Бешиште.

Решив дека треба да оставам наследство за мојата фамилија и идните генерации. Ако не го сторев тоа јас мислев дека тие никогаш немаше вистински да ме знаат мене и моите незамисливи корени толку далеку од нашиот градски живот со целата своја технологија.

Ми одзеде две години собирајќи мисли, слики и спомени од соселаните и ја составив книгата Селски живот-Детски спомени. Книгата беше завршена во Јули 2015 та година.

Имав испечатено 100 книги а од нив 50 ги продадов на пријатели и роднини а исто добивав и неколку помали донации. Некои од книгите му ги поклонив на оние што не можеа да ги купат. Останатите книги ќе му ги подарам на некои македонски школи и библиотеки, тие ми имаат кажано дека сакаат да ги земат со драга волја.

Со продажбата на секоја книга имаше и мал придонес пак сега целиот сакам да го поделам подеднакво помеѓу тебе и останатите 29 жители кои живееја во селото во времето кога книгата беше испечатена. Листа од имињата беше поставена и потврдена од мојата добра пријателка Неда Илиевска (Велевачкова).

Овде имате еднква сума од поделениот придонес, една мала благодарност од мене до тебе пошто ти и селото имате посебно место во моето срце.

Сакам да ви пожелам тебе и на твојата фамилија многу здравје среќа и љубов засекогаш.

Вашиот Милан Врглески со фамилијата.

besiste